Заклетва за збратимување
Иако необврзувачки, потпишувањето на формалната заклетва за збратимување или договор ја олеснува поставеноста на долг период, верувајќи во односите. Нејзината форма и содржина не се утврдени, и можат да бидат дополнети зависно од специфичната природа на партнерството што е поставено, и согласно желбите на збратимените градови.
Независно од тоа дали се именува заклетва за збратимување, повелба или конвенција за збратимување, или соработка или договор за пријателство, треба да биде поднесено на градот или на советот на локалните власти за дебата околу ратификацијата за збратимување со градот партнер. Потоа, заклетвата за збратимување се потпишува на формална јавна средба, и често гласно се објавува на присутните. Градовите потписници заедно ја преземаат обврската, но тоа не не создава правни обврски, и нема правен надоместок дури и ако се појави проблем во иднина. Повеќе од тоа, иако ретко се случува, локална власт може во секој момент да стави крај на партнерството преку начините за преиспитување од страна на градскиот совет поништувајќи ја ратификацијата за збратимување.
Во прилог е даден образец за заклетва на збратимување која е ширум употребена од многу држави
Ние, ............................................. (име) и ................................................. (име),
Градоначалници на ............................................. (држава) и од ....................................... (држава)
Слободно избрани претставници на нашите сограѓани,
Уверени дека постапуваме во име на искрени желби и вистински потреби на нашите жители,
Свесни дека нашите цивилизации и народи го најдоа своето потекло во нашите стари слободни локални заедници, каде духот на слободата беше прворегистриран во слободата добиена на нив, и подоцна, во локалните самоуправи тие можеа да најдат,
Сметајќи дека историјата ќе продолжи ширум светот, но дека овој свет ќе биде вистински човечки само додека мажот и жената слободно живеат во слободни градови,
Убедени во нужноста за почитување на начелото на субсидијарност,
Потврдуваќи ја нашата вредност за почитување на човековите права, кои ги сметаме за неповредливи и неотуѓиви,
Препознавајќи го растот на меѓузависност на различни општества нужна за меѓународен, глобално демократски ред, основањето за вистински мир Уверени дека врските кои ги врзуваат градовите на нашиот континент создаваат фундаментален елемент на патот кон развојот на европското граѓанство и на тој начин ги промовира европските човекови димензии.
ДА ДАДЕТЕ, НА ОВОЈ ДЕН, СВЕЧЕНА ЗАКЛЕТВА
Согласно односите утврдени меѓу нашите две држави, да одржуваат трајни врски меѓу властите на нашите општини со цел да се промовира нашиот диалог, да се разменат нашите искуства и да се имплементираат сите заеднички активности кои што можат да го поттикнат заедничкиот напредок во сите подрачја од наша надлежност.
Да се охрабри и да се подржи размените меѓу нашите граѓани со цел да го обезбедат, преку поголемо взаемно разбирање и ефикасна соработка, вистинскиот дух на европското братство за нашата сега веќе заедничка судбина.
Да се дејствува согласно правилата за гостољубивост, со почит кон нашата разноликост, во атмосфера на доверба и дух на солидарност,
Да се гарантира за сите луѓе можност за учество во размените меѓу нашите две заедници без никаква форма на дискриминација
Да се промовираат универзални вредности на слобода, демократија, еднаквост и владеење на правото, со нашите размени и соработки,
Ќе ги фокусираме нашите напори користејќи ги сите средства на наше располагање за поддршка на успехот на обој суштински преземен потфат за мир, развој и напредок, што е:
Европска унија
Место............................ Дата........................