Twinning.org
CCRE
header-image

Како да се аплицира

Европската програма за збратимување дел од програмата ,,Европа за граѓаните“ ги поддржува активностите од збратимениот град давајќи му финансиска помош за:

  • Мерка 1: Средба на Граѓаните на збратимените градови и тематска мрежа на збратимените градови.
  • Мерка 2: Проектот на граѓаните и мерки на поддршка.

За поднесување на апликацијата, вие треба да го почитувате календарот кој што утврдува различни рокови согласно датумот на вашата активност. Бидете внимателни – крајниот рок за испраќање на вашата апликација често е неколку месеци пред вашиот настан!

Ако еднаш го идентификувате рокот за вашата апликација и ги забележавте правилата и условите кои треба да ги следите, може да се упатите на интернет страницата на Извршната агенција за да ја најдете апликацијата која треба да ја пополните, и информациите од сличните документи кои треба да ги испратите.

Ве молиме забележете дека во случај да ја забрзате процедурата за одлучување, Извршната агенција го охрабрува кандидатот да ја комплетира и да ја испрати апликацијата во електронска верзија.

Ве молиме да забележите дека подршката на Европската Комисија вообичаено е ,,ко-финансиска“ т.е. и кандидатот треба да финансира одреден процент на трошоци за предвидените активности. Ова е вообичаен случај за повеќето проекти финансирани од Европската комисија и ќе се употребува за сите акции различни од средбите на граѓаните од збратимените градови.