Twinning.org
CCRE
header-image

Финансиска поддршка

Секоја активност на збратимување, секако, мора да биде финансирана. Често, вашиот град или локална власт ќе придонесе најмалку со финансиска помош на активностите за збратимувањето, а тоа е добро ако ова може да биде вклучено во буџетот на градот како постојана поддршка. Сепак, со ова е неверојатно да се покрие сето тоа што е потребно. Повеќето збратимувања се фонансирани благодарение и на акциите од посветените поддржувачи, преку организациите со пошироко ниво на локално собирање финансиски средства преку одржување настани. Кај некои видови партнерства, за проектната работа може да постои фонд достапен од програмите на државната власт, или од фондациите.

Сепак, локалните власти и асоцијациите за збратимување имаат шанса да го олеснат товарот, благодарејќи и на програмата утврдена од Европската комисија во 1989, како одговор на повикот од Европскиот Парламент за поддржување на акцијата за збратимување кое што помага да ја доближи Европа до своите граѓани.