Twinning.org
CCRE
header-image

Краток преглед

Збратимување е зближување на две заедници, со цел да се преземе акција со европска перспектива и со цел да ги соочат сопствените проблеми, развивајќи меѓусебе се поблиски и поблиски врски на пријателство.“

Ова беше дефиницијата за збратимување дадена пред многу години од страна на Јеan Bareth, еден од основачите на Советот на европските општини и региони (ЦЕМР) по втората Светска војна. На овој начин, тој ги утврди основните вредности што го претставуваат збратимувањето: пријателство, соработка и взаемно сознание меѓу европските народи. (Има една точка која треба да се истакне – денес, збратимувањето често се однесува на повеќе од два партнера).

Збратимувањето е израз на европското единство и идентитет изграден од основата. Тое можеби е највидливата форма на европска соработка, со илјадници градови и села гордо прогласени на нивната територија со кои партнер заедниците се збратимуваат.

Збратимувањето е и одличен флексибилен инструмент. Може да се користи меѓу мали села, градови, окрузи, големи градови... Може да се фокусира на цела низа парашања, и може да вклучи цела редица актери на две или повеќе збратимени заедници.

Добро збратимено партнерство може да донесе многу придобивки за заедницата и за општината. Собирајќи ги луѓето од сите страни на Европа, тоа дава можност да се споделат проблемите, да се разменат мислења и да се разберат различните погледи на проблемите за кои има взаемен интерес или грижа.

Тоа може да им овозможи на младите да се поврзат со нивните партнери од други држави и да стекнат самодоверба. Тоа може да им помогне на сите да сфатат што е Европа и значењата во денешниот свет – и каде иднината може да нѐ води.

Има многу примери за добра практика во збратимувањето, покривајќи широк спектар на прашања – уметност и култура, млади, државјанство, одржлив развој, локални јавни услуги, локален економски развој, општевствено вклученост, солидарност...

Тоа претставува долгорочна посветеност на партнерите, а не краткорочен проект на партнерство. Секогаш треба да се биде способен да се преживеат промените во политичкото раководство и краткорочните потешкотии на еден од партнерите, и меѓусебе да се поддржат доколку има потреба за тоа, на пример голема поплава. За долгорочна посветеност од витално знаечење е да се обезбеди редовна проверка на партнерството, со цел да се осигура дека тоа ги пресретнува потребите на денешницата и дека останува свеж и динамичен.

Еднакво важна е двојната посветеност потребна за успешни збратимувања: од локалните власти, но и од граѓаните. Накаратко: не може да има збратимување без активното учествување на граѓаните! Двојната природа често бара поставување на комитет за збратумување кој што ќе ги донесе на едно место претставниците на локалните власти и граѓаните.