Twinning.org
CCRE
header-image

Одобрување на паушална такса за граѓанските средби

Како и да е, Комисијата и Агенцијата се договорија за едноставен систем за давање на одобрение за граѓанските средби на збратимуваниот град. Овие одобрувања се придонеси од паушални такси кон организациските трошоци на градот домаќин (сместување, оброци, локален транспорт, соби за состаноци и др), и патните трошоци на поканетите делегации. Иако овие одобрувања на паушални такси се наменети за ко-финанцирање на овие трошоци (т.е. да се покријат 100%), тие не се директно поврзани со некој специфичен трошок кој поради тоа не е потребно да биде специфично пресметан или оправдан.

Пресметувањето на грантот ќе биде направено според :

  • Грантот за организациски трошоци е пресметан со помножување на бројот на учесници од поканетите општини, со бројот на деновите на состаноци и со дневната стапка на земјата во која се одржува средбата. Дневните стапки за различни земји се припишани на апликацијата.
  • Грантот за патни трошоци е пресматан за секоја поканета делегација со помножување на бројот на учесници со бројот на поминати километри за патното растојание на кружното патување, и со паушалната такса за километар за секој од учесниците.

За натамошни детали, треба да се консултирате со програмскиот водич.

Грантот од паушалните такси не може во никој случај да го надмине максимумот назначен во програмскиот водич (и кој може да биде предмет на измени од година во година).