Twinning.org
CCRE
header-image

Иднина

Има околу 17.000 врски на збратимување низ Европа, што подразбира дека многу повеќе градови се вклучени (многумина имат повеќе од еден збратимен партнер, така што точниот износ е тешко да се пресмета прецизно).

Иако сѐ повеќе Европејци патуваат надвор на одмор или на краток бизнис состанок, и покрај сателитската телевизија и интернетот, сепак збратимувањето останува најднобриот начин за Европејците да се сретнат лице в лице , да разменат информации и мислења за нивното секојдневно җивеење и да имаат корист од другото искуство за прашањата поврзани од образование до општествено вклучување, преку култура или бизнис.

Партнерствата за збратимување денес моҗат да водат кон посебни проекти на тема како управување со води, економски развој или подобрување на општествените услуги. Се забележува зголемување на збратимувањата меѓу неколку партнери, секој од различна земја во Европа. На овој и друг начин, развојот на европските партнерства им овозмоҗува на граѓаните и на општините да ги споделат стручноста и искуството.

Денес, збратимувањето помага да се создаде чувство на заеднички европски идентитет – нешто што никогаш не моҗе да им се наметне од горе. Повеќе од тоа, зближувањето на граѓаните да разговараат и да ги допрат проблематичните теми во пријателска атмосфера е и одраз на многу активно европско граѓанство.

Но збратимувањето сѐ уште ù слуҗи за првичната цел за промоција на мир и разбирање меѓу луѓето и заедниците. За дрҗавите од Југоисточна Европа (Балканот), збратимувањето е многу ваҗен начин за зблиҗување на луѓето, по ужасните регионални војни во 1990-те, и едновремено да споделат стручност и искуства како држави од регионот кои се движат напред и се развиват.

И во денешното време на глобализација – со нејзините проблеми и моҗности – збратимувањето игра позначајна улога во зблиҗувањето на луѓето и заедниците ширум светот. Европската Унија има ваҗни соседи на нејзиниот југ и исток, вклучувајќи ги Украина, Русија, Турција и други земји од Медитеранот и од Блискиот Исток.

Збратимувањето навистина може да помогне да се развие посилен дијалог и разбирање меѓу народите од Европа и од другите држави. Не за крај, збратимувањето може да биде одличен начин за промоција на меѓународниот развој и за постигнување на Милениумските развојни цели.