Европската Унија
Европската унија сфаќа дека збратимувањето е многу важно за да им помогне на луѓето да ја сватат целта на ЕУ, да развијат поцврсто чувство за европскиот идентитет и да ја зближат ЕУ поблиску до нејзините граѓани.
Во 1989, во иницијативата на Европскиот парламент, за првпат Европската програма за збратимување беше промовирана, а наредните програми за збратимување беа извори за наоѓање на збратимувања.
Во периодот 2007-2013 оваа поддршка е обезбедена под програмата ,,Европа за граѓани“, која се стреми да го подржи широкото ниво на активности и организации во работата на ,,активно Европско граѓанство“. Меѓу активностите покриени од програмите, збратимувањето – во буџетарски термини – е главната мерка подржана: 11 до 14 милиони евра годишно.
Европската Комисија, која ја надгледува програмата, организира консултациски средби со мрежата за збратимување на СЕОР, за да дискутира како процесот за збратимување се одвива, и да добие повратна информација за нивните предлози.
Програмскиот водич и интернет страницата на Комисијата ги снабдија сите практични информации за тоа како да добијат финансиска подршка. Програмата е отворена за 27 земји членки на ЕУ, но под одредени услови, и за членките на Европската асоцијација за слободна трговија ( вклучувајќи ги и Исланд и Норвешка) на ЕУ, (земјите кандидати) и на земјите од Западен Балкан.
Практичната имплементација на ЕУ програмата збратимување и граѓанство – пр. селекција од успешни предлози, наплати и др. за тоа се задолжени специјалисите од Извршната агенција. Нејзината интернет страница вклучува корисен сет од Чести Поставени Прашања (ЧПП) и нивните одговори.
Секоја година, Европската комисија организира и годишна награда Golden Stars за висок квалитет на партерството на збратимување и други транс-национални иницијативо за граѓанство.