Twinning.org
CCRE
header-image

Историја на збратимување

Движењето за збратимуње на градовите започна веднаш по 1945, со стравствената поддршка од градоначалниците и граѓаните кои се заветија дека Европа никокаш повеќе не смее да биде распарчена од војна. Повеќето збратимувања беа меѓу градовите од државите кои до неодамна беа разделени од војна. Промоцијата на новото збратимувачко движење беше една од главните приоритети на СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКИТЕ ОПШТИНИ (како што тогаш се нарекуваше) во 1951, а во 50-те бележаа огромен пораст на бројот и на нивото на збратимувања.

Збратимувањето не е ограничено само во државите на Европската Унија – државите како Швајцарија и Норвешка секогаш се активно вклучени. Но, вистина е дека збратимувањето игра позитивна улога на секое важно ниво за проширување на Европската Унија уште од нејзините први шест земји членки.

Во Јужна Европа, враќањето на демократијата во Грција, Португалија и Шпанија во 1970-те и нивниот влез во ЕУ во 1980-те, водеше кон серија на нови партнерства на збратимување на општините од овие држави, за што тие беа подготвени и се приклучија на ЕУ.

Повторно, промените во Централна Европа по падот на поранешните комунистички влади од 1989 водеа до ширење на врските за збратимување, водејќи до најголемото проширување на ЕУ во 2004, и помагајќи да ги сплоти народите на нашиот дотогаш поделен континент.

Натаму, од 1989 – и следната успешна иницијатива на Европскиот парламент – ЕУ обезбеди ваҗна финансиска подршка на збратимувањето, особено таму каде што може да бидат видливи европските вредности.

Праведно е да се заклучи дека двиҗењето за збратимување за овие 50 години даде вистински суштински придонес за мирен развој на Европа и за успешна интеграција на новите дрҗави во Унијата.