Twinning.org
CCRE
header-image

Советот на европски општини и региони

Збратимувањето како структурирано движење беше формирано од Советот на европски општини и региони (СЕОП) во раните 1950ти. Од тогаш СЕОП секогаш беше на врвот на збратимувачкото движење.

Неговата мрежа на збратимување е уникатна, собирајќи ги експертите од асоцијацијата на членки, тие редовно се среќаваат за да разменат информации околу сите аспекти на збратимувањето: приказните за успех, европскиот развој, главните настани... Мрежата е регуларно консултирана од Европската комисија за нејзините предлози за развивање и имплементирање на програмата за збратимување.

СЕОП тежнее да обезбеди и финансирање од ЕУ за збратимување преку посебната врска со релевантните европски институции, главно преку Генералниот директоријат за образование и култура на Европската комисија и Европскиот парламент.

Покрај тоа, СЕОП оранизира настани поврзани со збратимување (семинари, конференции, конгреси...) и продуцира студии и водичи вклучувајќи практичен прирачник ,,Збратимување за утрешниот свет“. Оваа интернет страница беше создадена од СЕОП како дел од активностите во корист на збратимувањето.